Зимски пунч
Ова е оној пијалак кој ви ги топли душата и срцето во ладнава зима…Потребно е:
- 1 литар сок од јаболка
- 200 мл текила
- 1 стапче цимет
- 2 портокали
- неколку каранфилчиња
Подготовка: Во двата портокали набодете ги сувите каранфилчиња. Во големо тенџере ставете ги сокот од јаболко и стапчето цимет. Ставете ги на оган со средна температура и гответе 10 минути. По 10 минути, сокот ставете го во длабок сад, додадете ја текилата и еден од портокалите. Оставете така да отстои неколку часа. Пола час пред да сервирате, извадете ги стапчето цимет и портокалот. Вториот портокал со каранфилчиња пресечете го на крукчиња. Употребете ги крукчињата за да ги декорирате чашите во кои ќе го сервирате пијалакот.
Зимскиот пунч може да се пие ладен или на собна температура, а од оваа доза може да излезат 4-6 чаши.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.