Претходно
Зимски пијалак во кој ќе се заљубите: Вино со јаболко и цимет
Соберете ги пријателите и направете им овошно вино кое никогаш нема да го заборават
Потребни состојки:
- 1 шише бело вино
- 700 милилитри јаболковица (ракија од јаболка)
- 60 милилитри јаворов сируп, по желба
- 230 милилитри минерална вода
- 20 милилитри бурбон
- 4 стапчиња цимет
- 2 јаболка, исечкани на мали парчиња
- 2 круши, исечкани на мали парчиња
- 2 сливи, исечкани на мали парчиња
Начин на подготовка:
Во голем сад измешајте ги сите состојки заедно и ставете ги во фрижидер да отстојат преку ноќ. Следниот ден можете да уживате во вашата вкусна домашна сангрија. Зарем има подобар начин да ги прославите новогодишните празници?