Животот е прекраток за да ги правите овие работи
Животот е прекраток! Времето што го имате е драгоцено и треба да го цените и паметно да го користите. Постојат некои секојдневни работи за кои не вреди да си ја трошите енергијата и нервите. Посветете внимание на она што е навистина значајно. Веднаш ќе се почувствувате подобро ако престанете да се грижите за следниве работи…
Се чувствувате виновни ако сте пропуштиле да вежбате
Во ред е да си дадете слободен ден и не треба да се чувствувате како тотален губитник поради тоа. Како што велат: Потребно е повеќе од една вежба за да имате убаво тело, но потребно е и повеќе од еден слободен ден за да пропадне целиот ваш труд.
Плачете поради лошите момчиња
Пред некој да ја добие титулата „момче“ треба да ја заслужи. Ако постојано ве расплакува и ве остава да седите дома и да се чувствувате лошо за себе, тој навистина не ве заслужува. Вашето време е бесценето и не треба да го трошите седејќи дома додека се растурате од плачење.
Имате работа што не ја сакате
Оставете ја таа работа за некој што ќе биде среќен да го прави тоа. Вашето ограничено, драгоцено време и енергија треба да бидат потрошени на нешто во кое навистина верувате. Животот е прекраток за да бидете несреќни 40 часа неделно.
Се навредувате себеси
Немојте да си упатувате навреди секогаш кога ќе се погледнете во огледало, кога ги разгледувате вашите слики на Инстаграм, кога пробувате нова облека… Замислете сите тие милиони пати кога сте го критикувале вашето тело, да сте ги искористеле за да си укажете почит, да си дадете комплимент и да ја зголемите вашата самодоверба. Нема сомнеж дека веднаш би се чувствувале подобро!
Носите неудобна долна облека
Долната облека со чипка, тангите, корсетите, халтерите… Сите тие се навистина убави и можат да направат да се чувствувате секси, но само во спалната соба. Доколку не ви се удобни за носење, едноставно чувајте ги само за посебни прилики и уживајте во удобноста на памучните гаќички. Кој ќе знае дека носите „бапски“ гаќи на работа?
Не ги споделувате вашите соништа со вашите најблиски
Ако не ги споделувате вашите соништа и цели со вашите пријатели, семејство и луѓето што ви значат, тие нема да знаат како да ве поддржат и да ве охрабрат. Доколку го чувате во тајност она што сакате да го создадете, немате право да очекувате дека тоа магично ќе се случи. Не ја потценувајте моќта на зборовите. Никогаш не знаете кој може да ви се најде во одредена ситуација.
Премногу сте мрзливи за да внесете промени во вашиот живот
Изговорите одземаат многу време: Треба прво да ги измислите, па да си ги повторите додека не почнете да верувате во нив и на крајот да ги искористите во сите области каде што многу поедноставно би било да се фатите за работа и да го завршите тоа што треба. Престанете со ова!
Се споредувате со други луѓе
Тоа што посакувате да бидете како некој друг или да живеете нечиј друг живот нема да го смени она што веќе сте. Насочете ја вашата енергија кон тоа да се претворите себеси во она што навистина би сакале да бидете.
Не трошите пари на патувања и авантури
Има толку многу плажи, планини, ридови, гребени, винарии, реки, мориња, што навистина би било штета да не се обидете да видите барем дел од нив. Зар има подобар начин да ги потрошите заштедените пари од тоа да отпатувате во некој друг свет?
Ги критикувате другите
Тоа нема да направи да се чувствувате подобро, само ќе направи да изгледате уште понесреќни и сурови. Никој не сака да биде во близина на таква личност.
Повеќе ги цените размислувањата на другите луѓе
Единственото мислење за вашиот живот и одлуките во кои можете да имате доверба, се вашите. Вие сте единствениот човек кој го знае секој детаљ од вашиот живот и вие си знаете најдобро. Верувајте си себеси. Вие најдобро знаете што треба да направите, како да постапите и кој пат да го одберете.