Здравствените придобивки од вежбањето зумба
Зумбата е финтес-програма, која вклучува аеробни и танцови движења во ритамот на салса, хип-хоп, мамбо, регетон и други музички стилови. Во продолжение, погледнете кои се нејзините најголеми здравствени придобивки, кои уште веднаш ќе ве натераат да одите на часови по зумба.
Размрдување на целото тело
Една од најголемите придобивки на зумбата е тоа што се раздвижува целото тело. Наместо фокусирање на одреден дел од телото, зумбата ве тера постојано да се движите, да бидете живи и да уживате во ритамот.
Тонирање на мускулите
Зумбата помага и при тонирањето на мускулите на целото тело без да почувствувате голема мака. И штом ова го забележите, желбата за зумба дотолку ќе ви се зголеми.
Намалување на крвниот притисок
Со правилен начин на исхрана и вежбање зумба, крвниот притисок со сигурност се намалува. Ова е многу важна придобивка, особено за оние кои имаат проблеми со високиот крвен притисок.
Согорување на калориите
Од појавувањето на зумбата во 90-те години, многу научни студии ја потврдуваат нејзината ефикасност во согорување на калориите. Се смета дека во просек, со еден час вежбање зумба, се согоруваат околу 400 калории. Примамливо, зар не?
Ослободување од стресот
Вежбањето, воопшто, влијае врз ослободување на стресот. Танцувањето, музиката и движењата во зумбата го прават целиот тој процес малку поинтересен.
Кардио тренинг
Зумба вежбите се и добар кардио тренинг. Доколку кардио тренингот обично ви е заморен и ви претставува проблем, најдобро е да одите на зумба и да ги почувствувате таквите придобивки уште веднаш.
Кондиција
Можеби резултатите од зумбата нема веднаш да бидат видливи, но не грижете се. Комбинацијата на фитнес и танц движења, со сигурност ќе ве одржува во добра кондиција. И тоа претставува уште една причина плус зошто да се запишете на зумба и едноставно да уживате.
И за крај, додека не појдете на професионални часови, ви предлагаме да вежбате зумба во домашни услови. Среќно!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.