Здравствените придобивки од секојдневното консумирање Ерл Греј

Здравствените придобивки од секојдневното консумирање Ерл Греј

Без сомнение еден од најпознатите и најценетите чаеви во светот е Ерл Греј. Чајот се одликува со карактеристичен мирис и арома благодарение на маслото од кората на бергамот. Според многумина, ваквата мешавина на црн чај со масло од бергамот може да влијае поволно врз дигестивниот и кардиоваскуларниот систем, па дури и да ја спречи појавата на рак. Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од консумирањето Ерл Греј.

Здравствените придобивки од секојдневното консумирање Ерл Греј

1. Делува поволно врз здравјето на срцето

Истражувањата покажале дека редовното пиење чај Ерл Греј може да го намали ризикот од срцеви и кардиоваскуларни заболувања. Црниот чај и маслото од бергамот содржат антиоксидантни флавоноиди кои ја подобруваат работата на срцето.

2. Може да го намали холестеролот

Маслото од бергамот изобилува со флавоноиди, соединенија кои го намалуваат нивото на „лошиот холестерол“ во организмот. Имајќи предвид дека високиот холестерол во крвта може да резултира со коронарна артериска болест, мозочен удар или камењаа во жолчката, редовното пиење Ерл Греј чај може да биде корисно.

3. Може да го зајакне дигестивниот систем

Маслото од бергамот е богато и со природни растителни соединенија наречени полифеноли. Овие соединенија се од голема важност кога станува збор за здравјето на дигестивниот систем на начин што го поттикнуваат растот на добри бактерии, а истовремено го спречуваат развојот на лошите бактерии како салмонела.

4. Може да го намали шеќерот во крвта

Истражување од 2013 година покажало дека екстрактите од црн и зелен чај го намалуваат шеќерот во крвта и го подобруваат метаболизмот. Од друга страна, тоа може да значи дека постојат големи шанси чајот да го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2, дебелина и проблеми со бубрезите. Иако ова не е истражено докрај, сепак дава ветувачки резултати.

5. Може да го зајакне имунитетот

Антиоксидансите во црниот чај и маслото од бергамот можат да ги неутрализираат слободните радикали кои предизвикуваат оштетување на клетките и ткивата, а следствено на тоа и болести. Оштетувањето предизвикано од страна на слободните радикали може да доведе и до предвремено стареење на кожата, но и појава на заболувања како Алцхајмерова болест и рак.

Откако прочитавте за здравствените придобивки од консумирањето Ерл Греј, ви препорачуваме да прочитате и зошто ројбос чајот станува сè популарен.

Извор: greatist.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар