Претходно
Здраво и вкусно смуди со морков и банана
Здраво, вкусно и кремасто! Овој пијалак со вкус на морков и банана е полн со витамини, а за него ви се потребни само 7 состојки.
Потребни состојки:
- 1 голема замрзната банана
- 1 мал сечкан морков
- 1 урма (по желба)
- 1/4 лажичка цимет
- 1/2 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка рендан ѓумбир
- 1 морско оревче (по желба)
- 120 до 240 милилитри млеко по избор
- 1 ќесичка протеини од ванила (по желба)
За украсување:
- рендан морков
- кокосови струготини
- ореви или семе од коноп
Начин на подготовка:
- Додајте ги бананата, урмата, морковот, циметот, ванилата, ѓумбирот, морското оревче, млекото и протеинот во блендер. Блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Додадете повеќе млеко ако е потребно.
- По вкус додајте повеќе цимет, ѓумбир или некој засладувач.
- Сервирајте како што е или украсете со рендан морков, кокосови струготини, ореви, семе од коноп или по ваш избор. Смудито можете да го оставите во фрижидер до 1 месец.
Пробајте го и ова кремасто смуди со кафе.