Претходно
Здраво и вкусно смуди што ќе ви го намали апетитот
Ако чувствувате глад, а немате време за подготвување целосен оброк, направете го ова вкусно и здраво смуди кое заменува целосно главно јадење
Потребни состојки:
- 1 круша
- 100 милилитри бадемово млеко
- 2 лажички посно сирење
- 2 супени лажици овесни снегулки
- 1/2 лажичка цимет
- 1 супена лажица мед
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и матете додека не добиете хомогена смеса. Испијте го смудито веднаш по подготовката.
Ако ви се допадна овој рецепт, пробајте го и ова смуди за детоксикација и против стареење!