Претходно
Здраво и вкусно: Намаз од цвекло и фета сирење
Доколку внимавате на вашата исхрана, знаете дека некои здрави оброци бараат повеќе време за подготовка, но едноставно понекогаш сте премногу зафатени. Овој намаз ќе ви се најде во такви ситуации, а можете да го користите или за појадок или вечера со двопек и шолја јогурт.
Потребни состојки:
- 3 цвекла
- 140 грама фета сирење
- 2 лажици лимонов сок
- 3 лажици рендана кора од лимон
- 2 лажици маслиново масло
- 1 исечкано чешне лук
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 220 степени.
- Обложете ја тавата со мрсна хартија, а цвеклото завиткајте го во алуминиумска фолија и ставете го да се пече 40 минути. Извадете го и оставете го да се излади.
- Ставете ги сите состојки освен маслото во блендер и блендирајте со постепено додавање на маслото додека не добиете хомогена смеса.
Намазот чувајте го во фрижидер и неколку денови ќе имате готов здрав оброк.
Пробајте го и овој намаз од авокадо што ја намалува лошата киселина во телото.