Здрави и вкусни: Урми потопени со чоколадо
Тешко е да им одолееме на слатките, но се чувствуваме помалку виновни кога јадеме нешто здраво, нели? Денес ви предлагаме рецепт за вкусен и брз десерт од урми и чоколадо кој нема да ви одземе многу време. Овој рецепт е идеален за сите оние кои постат или се вегани.
Урмите содржат многу влакна кои се важни за здравјето на цревата. Во однос на сувите смокви, урмата содржи многу повеќе антиоксиданси, како и важни витамини и минерали. Истражувањата покажале дека урмите имаат корисен ефект врз зачувувањето на мозочните функции.
Тие содржат свој природен шеќер, па нема да има потреба дополнително да ги засладувате, а доколку додадете темно чоколадо, овој десерт ќе биде сосема здрава храна!
Потребни состојки:
- 100 грама урми
- 100 грама темно чоколадо
- 2 лажици масло по избор
- 50 грама бадеми
Начин на подготовка:
Отстранете ги семките од урмите и ставете по еден печен бадем внатре. Направете ја чоколадната глазура така што чоколадото со масло ќе го стопите на пареа или во микробранова печка. Ставете ги урмите на дрвена подлога или виљушка и потопете ги во чоколадото. Оставете ги на хартија за печење или на решетка да се исцедат и да се стврдне чоколадото, па префрлете ги во фрижидер да отстојат неколку часа.
Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за здрави чоколадни бомбици без шеќер.
Извор: sensa.mondo.rs