Претходно
Здрава супа која помага во слабеењето
Зеленчуковата супа е силен сојузник во борбата со наталожените килограми
Потребни состојки:
- 1 компир
- 3 моркови
- 1 стапче целер
- 1 црвен кромид
- 1 чешне мелен лук
- 1 прстофат сол
- 1/2 лажичка бибер
- малку црвен пипер
- 1 ловоров лист
- 400 грама пастеризирани домати
- 400 грама сварен грашок
- 1 рака спанаќ
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки освен спанаќот во сад на оган и оставете ги да се варат. Кога варењето ќе биде при крај додајте го и спанаќот и оставете уште малку да се вари. При сервирањето додајте по една лажица маслиново масло во секоја чинија.
Совет: Ако сакате кремаста супа, извадете малку од водата и остатокот изблендирајте го. Потоа, зависно од посакуваната густина, измешајте ја блендираната смеса со претходно одвоената супена вода.