Здрава алтернатива на леб: Рецепт за вкусни кето лепчиња
Без разлика дали ја следите кето диетата или едноставно се чувствувате лошо кога јадете леб, овој рецепт ќе биде одличен за вас. Она што е поинтересно за овој рецепт е тоа што неговите состојки како семето од лен, сусам и псилиум можат да го подобрат вашето расположение. На пример, ленот се нарекува суперхрана поради неговите својства: тој е одличен извор на тиамин, рибофлавин, пиридоксин, фолна киселина, пантотенска киселина и добар извор на ниацин. Исто така, содржи голем број минерали – бакар, магнезиум, манган, фосфор, селен, железо, калциум и цинк.
Заедно со ленот е и псилиумот, кој е еден од најголемите пријатели на варењето на храната. Тој е одличен извор на растворливи влакна, а познато е дека влакната помагаат во регулирање на варењето, го чистат организмот од токсини, го забрзуваат метаболизмот и помагаат при губењето на телесната тежина.
Потребни состојки:
- 150 гр брашно од бадем
- 40 гр псилиум во прав
- 60 гр кокосово брашно
- 75 гр мелен лен
- 1 лажичка лук во прав
- 1 лажичка кромид во прав
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка сол
- сусам со кој ќе ги посипете направените лепчиња
- 2 лажички јаболков оцет
- 6 белки
- 2 цели јајца
- 480 мл врела вода
Начин на подготовка:
- Измешајте ги сувите состојки, а потоа додадете ги течните. Формирајте топчиња. Од оваа количина смеса ќе излезат околу 9-10 лепчиња.
- Наредете ги на хартија за печење. Печете околу 50 минути на 175 степени.
Дополнителна информација:
Кога ќе ги направите лепчињата мора веднаш да ги ставите да се печат. Исто така, користете дигитална вага за мерење на состојките.
Погледнете го и овој рецепт за пуслица ролат со боровинки и малини.