Здрав сон, позитивна насмевка и квалитетна храна: 8 навики на здравите луѓе

Здрав сон, позитивна насмевка и квалитетна храна: 8 навики на здравите луѓе

Секојдневно можете да правите мали работи за да се чувствувате подобро и полесно да ги отфрлите проблемите. Експертите велат дека овие навики на здравите луѓе може да ви помогнат во тоа.

1-zdrav-son-pozitivna-nasmevka-i-kvalitetna-hrana-8-naviki-na-zdravite-lugje-www.kafepauza.mk_

1. Одат во кревет во 10 часот

Сите ние знаеме колку е важен сонот за правилната работа на целото тело, а особено за работата на мозокот. Шест до осум часа сон го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, го штити имунитетот, го заздравува телото, го подобрува помнењето, ја зголемува издржливоста и концентрацијата.

2. Дишат длабоко

Длабокото дишење ја намалува анксиозноста, го регулира шеќерот во крвта и му помага на имунолошкиот систем. Не мора да следите никакви специфични облици на дишење, само издвојте десетина минути во текот на денот и опуштете се и дишете длабоко.

3. Комуницираат со другите луѓе

Луѓето кои се во добри односи со оние околу нив живеат подолго, се чувствуваат посреќно и општо се поздрави. Поминатото време со пријателите и семејството може да ви помогне во ослободување на стресот.

4. Јадат јаткасти плодови

Една рака јаткасти плодови на ден, пет или повеќе пати неделно го намалува ризикот од умирање од кардиоваскуларни болести. Постои долга листа со предности, од кои поважни се контролирање на телесната тежина, подобрување на метаболичното здравје, штитење на видот и мозокот.

2-zdrav-son-pozitivna-nasmevka-i-kvalitetna-hrana-8-naviki-na-zdravite-lugje-www.kafepauza.mk_

5. Внимаваат како седат

И самите знаете колку е вежбањето важно за да останете здрави. Кога цел ден седите во канцеларијата му нанесувате штета на целото тело, па затоа ви препорачуваме секој час да станувате и да правите некоја лесна активност со траење од 3 до 5 минути.

6. Се смеат

Добар изговор за гледање некоја комедија. Смеењето може да го намали стресот и да го зголеми ендорфинот. Една студија што била спроведена во 2014 година на постари луѓе открила дека гледањето смешен видеозапис ги намалува хормоните на стрес и го подобрува помнењето.

7. Готват

Избегнувањето доставена и брза храна може да ви помогне во одржувањето на тежината, како и во намалувањето на ризикот од развивање хроничните болести. Ако сте гладни на работното место изедете некое овошје или зеленчук. Така ќе го подобрите квалитетот на животот и ќе го намалите ризикот за низа болести.

8. Поминуваат време во природа

Времето поминато на отворено овозможува витамин Д кој е клучен за силни коски и ментално здравје. Едно истражување од 2015 година покажало дека луѓето кои шетале во природа имале помалку негативни мисли во споредба со оние кои шетале низ центарот на градот. Поврзувањето со природата помага во ослободување од стресот.

3-zdrav-son-pozitivna-nasmevka-i-kvalitetna-hrana-8-naviki-na-zdravite-lugje-www.kafepauza.mk_

Доколку сакате да започнете здрав начин на живот и да створите уште повеќе здрави навики, тогаш погледнете кои работи ги прават здравите луѓе пред спиење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар