Здрав оброк што ќе ви го промени животот: Печени овесни снегулки со банана и јаткасти плодови

Здрав оброк што ќе ви го промени животот: Печени овесни снегулки со банана и јаткасти плодови

Ем вкусно, ем полно со здравје!

Потребни состојки:
  • 2 банани
  • 100 грама овесни снегулки
  • 150 милилитри млеко (кравјо, овесно, бадемово…)
  • Прстофат цимет
  • Јаткасти плодови (бадеми, ореви, лешници…)
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Притиснете ја бананата со помош на виљушка, па додајте ги овесните снегулки, циметот и млекото. Додајте и чаша вода заедно со прстофат сол. По врвот распоредете ја другата банана, исечкана на кругови, и посипете ги јаткастите плодови. Печете 20-30 минути, односно сè додека овесните снегулки не ја впијат целата течност.

Пробајте го и ова смуди со банана, бадеми и овесни снегулки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар