Здрав десерт без шеќер, готов за 10 минути!
Станува збор за рецепт кој не содржи шеќер, но е многу вкусен и здрав. Сигурни сме дека целото семејство ќе го обожава!
Потребни состојки:
- 170 грама урми
- 2 лажици путер од кикирики
- прстофат сол
- 100 грама овесно брашно
- 60 грама кикирики
- 100 грама чоколадо
Начин на подготовка:
1. Ставете ги урмите во сад со топла вода каде ќе отстојат 2-4 минути.
2. Потоа префрлете ги во блендер, додадете 2 лажици путер од кикирики, малку сол и измешајте.
3. Поделете ја смесата приближно 60/40, поголемиот дел оставете го во блендерот и додадете 100 грама овесно брашно. Мешајте додека не добиете густа смеса.
4. Префрлете ја смесата на хартија за печење, распределете ја рамномерно и врз неа намачкајте го преостанатиот дел од филот.
5. Наредете кикирики и оставете ја смесата во замрзнувач да отстои околу 30-40 минути.
6. Исечете го десертот на стапчиња и секое од нив прелијте го во растопеното чоколадо, а потоа ставете ги во фрижидер да отстојат околу 4 минути. На здравје!
Откако го прочитавте овој рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за француски десерт без брашно за чија подготовка ви се потребни само 10 минути.
Извор: atma.hr