Завиткајте ги креативно вашите новогодишни подароци

Завиткајте ги креативно вашите новогодишни подароци

Ако се потрудите подароците кои ќе ги давате за новогодишните празници да бидат убаво завиткани, ќе оставите впечаток дека навистина се грижите за луѓето за кои се тие наменети. Општо познато е дека добро завитканиот подарок е исто толку важен колку и неговата содржина.

Завиткајте ги креативно вашите новогодишни подароци

Ова се неколку одлични идеи кои можат да ви послужат како инспирација при пакувањето на годинешните подароци, со материјали кои сите ги имаме по дома.

Завиткајте ги креативно вашите новогодишни подароци

Цветови од хартиени кошнички за колачи

Со оглед на тоа дека повеќето домаќинки би требало да имаат вакви кошнички во повеќе големини во своите кујни, би требало овој ресурс да не ви биде проблем. Во спротивно, со сигурност можете да ги најдете во поголемите маркети во вашата близина. Одберете неколку бои, залепете ги една врз друга и со ножички обликувајте го цветот.

Креативно завиткајте ги вашите новогодишни поклони

Подароци завиткани во хартија од весник

По дома сигурно имате еден куп стари весници и списанија кои не ви се повеќе потребни. Нив можете да ги искористите за неколку намени. Една од нив е целосно да го завиткате подарокот во една страница од весник и на него да ставите убава машна во боја.

Со ножички можете да исечете неколку цветчиња, да ги залепите едно врз друго, а на врвот да залепите старо копче. На тој начин ќе добиете еден вид брош кој може да ви послужи за декорирање на веќе спакуваните подароци.

Креативно завиткајте ги вашите новогодишни поклони

Последната идеја е плик за честитка. Од една страница од весник направете плик, вметнете ја честитката и запечатете го со еден цвет.

Креативно завиткајте ги вашите новогодишни поклони

Ако сакате да бидете целосно оригинални, не заборавајте да направите и рачно изработена новогодишна честитка.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. supernova Reply

    kolku se inspirativni, nesekojdnevni, romanticni. Bi sakala da napravam nekolku vo slobono vreme, cisto onaka, za relaksacija i za necie iznenaduvanje.

Остави коментар