Претходно
Замрзнати чоко-банани
Банана и чоколадо е една неодолива комбинација. Направете ги овие чоко-банани и уживајте во овошјето и чоколадото во истовреме.Потребно е:
- 2 банани
- 4 дрвени стапчиња
- 200 г млечно чоколадо, стопено
- 100 г бело чоколадо, изрендано
- 100 г мелени кикирики
Подготовка: Бананите исечете ги на два дела. Во мало тенџерче растопете го млечното чоколадо. Секое парче банана забодете го на стапче за ражен и натопете го во стопеното чоколадо. Потоа, ставете малку од мелените кикирки врз бананата. Одозгора налепете од ренданите трошки од бело чоколадо. Наредете ги сите банани на хартија за печење и ставете ги во фрижидер да се стегне чоколадото неколку часа.
kje gi pravam utreeeeeeeeeeeeeeeee:D:D
Направено! 🙂 Супер се …….. еве слика: http://www.flickr.com/photos/26621093@N02/5465458636/
Ova vredi da se proba