Заменете ги критичните состојки со здрави алтернативи и продолжете да уживате во омилените оброци

Заменете ги критичните состојки со здрави алтернативи и продолжете да уживате во омилените оброци

Едно е сигурно, доколку сакате да ослабите, не треба да држите строги диети и да гладувате, туку да ги промените животните навики и дневното мени. Не мора да си го скратите задоволството во одредена храна, туку да им пронајдете соодветни здрави замени на критичните состојки. За да ви помогнеме во оваа одлука која бара упорност, ви предлагаме 7 супер идеи со кои ќе ги замените калоричните производи со полесни, но подеднакво вкусни оброци.

1-izlazhete-go-zheludnikot-7-zamenski-namirnici-koi-gi-topat-kilogramite-i-gi-goltaat-kaloriite-www.kafepauza.mk_

1. Суви сливи наместо путер

Можеби звучи необично, но сувите сливи се одличен сојузник за здрав десерт. Ако во вашиот рецепт има состојка путер, маргарин или масло, тогаш заменете ја со исечкани и исчистени суви сливи.

2. Свежо посно сирење наместо крем сир

Иако крем сирот изгледа како лесна варијанта која ќе го збогати вашиот сендвич или колач, всушност тој е многу помасен од свежото обезмастено сирење. Направете замена која е подеднакво вкусна.

3. Свежи зачини наместо сушен концентрат

Ако рецептот вели лажица концентриран сушен зеленчук, подобро е да изберете свежи зачини. Лукот, свежите зачини и пиперките не содржат многу сол, поздрави се и имаат побогат вкус.

4. Јаболко и јогурт наместо путер и масло

Ако во вашиот рецепт пишува растително масло, путер или маргарин, вие посегнете по каша од јаболко и јогурт. 115 грама путер содржат 900 калории и 92 грама маснотии, додека јаболковата каша има околу 50 калории и никакви маснотии. Во рецептот намалете ја количината на шеќерот, бидејќи јаболката сама по себе е доволно слатка.

2-izlazhete-go-zheludnikot-7-zamenski-namirnici-koi-gi-topat-kilogramite-i-gi-goltaat-kaloriite-www.kafepauza.mk_

5. Мелено мисиркино месо наместо мелено говедско месо

Оваа замена можете да ја направите во својата храна која вклучува мелено месо. Мелените мисиркини гради полесно се варат од говедските, а подеднакво се вкусни. Брзото варење на храната не предизвикува надуеност, поради што ќе го избегнете надуениот стомак.

6. Лесен јогурт и посно сирење наместо кисела павлака

Ако во вашиот рецепт пишува кисела павлака, слободно сменето го со мешавина од јогурт и посно сирење. На тој начин во својот колач намалувате голем број калории, а вкусот ќе остане непроменет.

7. Чоколадни парчиња наместо прелив

Наместо колачот да го прелиете со чоколадо, особено млечно, во тестото втиснете парчиња темно чоколадо. Така секое парче од колачот ќе остане вкусно и чоколадно, а вие ќе потрошите многу помалку чоколадо и со самото тоа колачот ќе има и помалку калории.

3-izlazhete-go-zheludnikot-7-zamenski-namirnici-koi-gi-topat-kilogramite-i-gi-goltaat-kaloriite-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар