Заборавете на овие начини за чистење на лицето, бидејќи со нив само ја оштетувате кожата
Многумина од нас сметаат дека околу чистењето на лицето нема голема филозофија: треба само да го пронајдеме препаратот кој ни одговара или генерално да се држиме до водата и некој благ сапун, и тоа е тоа. Сепак, како што водиме сметка за тоа како се шминкаме и внимаваме нашите веѓи да бидат совршено обликувани, ајлајнерот нанесен под перфектен агол и усните беспрекорно исцртани, исто така треба да водиме сметка за тоа како сето тоа, на крајот од денот, ќе го избришеме од лицето и ќе му ја пружиме потребната нега.
1. Чистењето на лицето е процес од два чекори
Користењето на лосион за чистење на лицето не е доволно. Секогаш, најпрво избришете ја целата шминка, па потоа користете препарат за чистење. Во спротивно, голема е можноста вишокот шминка сепак да остане на вашето лице, особено во пределот на носот и околу очите. За бришење на шминката може да користите ракавица, крема, специјални влажни марамчиња за отстранување шминка или како што најмногу сакате, со млака вода и сапун.
2. Премногу честото чистење ја суши кожата
Со желба лицето да ни биде совршено чисто за да ја избегнеме појавата на мозолчиња, често знаеме да претераме и да го чистиме лицето неколку пати на ден. Водете сметка за вашиот тип на кожа: ако кожата на вашето лице е мрсна, во ред е да го чистите лицето наутро и навечер, но ако е сува и чувствителна, доволно е да го чистите само еднаш на ден, и тоа најдобро навечер.
3. Прескокнете го отворањето и затворањето на порите
Ова е класичен мит. Дерматолозите нагласуваат дека порите не се отвораат и затвораат, па така слободно можете да го прескокнете миењето со жешка вода (за да ги отворите порите), а потоа со многу ладна (за да ги затворите). На овој начин само ѝ правите стрес на кожата поради што може да дојде до сушење и црвенило.
4. Изберете средство според типот на вашата кожата
Обично мислиме дека при купувањето средство за чистење на лицето најважно е да го избереме она кое одговара на нашиот тип на кожа. Тоа е точно, но многу поважно е да ги проверите и неговите состојки. На пример, на лицето најверојатно нема да му одговара средство кое во себе содржи прејак мирис, бидејќи тоа може да ја иритира кожата.
5. Избегнувајте пилинг за мекост
Пилингот може да биде премногу агресивен за вашето лице. Наместо тоа, подобро е да користите препарати на база на салицин или гликолна киселина кои се поблаги и понежни за вашата кожа.
6. Не користете прејаки тоници
Тоникот за лице се нанесува после чистењето на лицето за да ја отстрани последната трага од нечистотија. Сепак, тие знаат да бидат премногу агресивни за кожата, бидејќи често во себе содржат алкохол. Затоа, проверете го списокот на состојки и задолжително избирајте такви што не содржат алкохол.
7. Не трошете премногу пари
За жал или пак за среќа, скапите препарати не го гарантираат секогаш квалитетот кој ви е потребен. Сè зависи од тоа што ѝ годи на вашата кожа. Затоа, при купувањето препарат за чистење на лицето, проверете дали тоа навистина ќе ви одговара (можете да се посоветувате со дерматолог), па потоа гледајте ја цената.