Забавна варијанта на класичниот француски маникир
Нема девојка и жена која не го обожава елегантниот и безвремен француски маникир. Сепак, што велите да ја замените палетата од бели и светло розови нијанси со шарена палета по ваш избор? Том Бејчек, експертот за нокти во Лореал, ни презентира едноставен туторијал за видоизменет француски маникир во повеќе бои со користење на богатата палета со која располага француската компанија. Овој француски маникир се разликува и по тоа што различно обоениот дел е поместен странично на ноктот, наместо долу како што е случајот во класичната варијанта.
Без разлика со кој бренд на лакови ќе работите, за овој маникир ви се потребни:
- 5 различни бои на лакови за нокти
- 1 лак со појака (непроѕирна) боја
- Проѕирен лак за финиширање
Откако ги избравте петте бои со кои ќе работите, нанесете внимателно од секој лак на по еден нокт. Опфатете ја само едната страна од ноктот. Откако ќе ви се исушат ноктите, земете го непроѕирниот лак, во случајов, темновиолетов, и покријте го остатокот од ноктот, притоа фаќајќи и мал дел од претходно обоената површина. На крајот завршете со лак за долготрајна заштита и сјај на вашиот маникир.
Готово. Толку едноставно! Сега почнете да мрткате со прстите. Дефинитивно ќе им биде интересно на оние околу вас. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
mozhe povekje ideii za manikir