За сите обожавателки на крзното: Како да го носите крзното оваа зима?

За сите обожавателки на крзното: Како да го носите крзното оваа зима?

Ако сакате да носите крзно, тогаш најверојатно вашето омилено годишно време е зима! Сепак, добрата работа е во тоа што не морате да носите само бунди, туку тоа може да бидат и други дневни парчиња. Еве неколку наши предлози.

1-za-site-obozhavatelki-na-krznoto-kako-da-go-nosite-krznoto-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

1. Здолниште

Здолништето од крзно е дефинитивно нешто што морате да го пробате на себе оваа зима. Може да изгледа многу интересно и оригинално. Комбинирајте го со омилената кошула и спремни сте за прошетка или за вечерно излегување.

2-za-site-obozhavatelki-na-krznoto-kako-da-go-nosite-krznoto-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

2. Шал

Ако крзненото здолниште за вас е премногу, а сепак сакате да носите нешто од крзно, тогаш зошто не би ставиле ваков шал? На тој начин и најобичната комбинација ќе ја претворите во модерна и шик!

3-za-site-obozhavatelki-na-krznoto-kako-da-go-nosite-krznoto-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

3. Бунда

Таа никогаш не излегува од мода! Изберете некоја интересна боја и сите очи ќе бидат вперени кон вас.

4-za-site-obozhavatelki-na-krznoto-kako-da-go-nosite-krznoto-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

4. Јакна од шарено крзно

Можеби е помалку впечатлива од бундата, но сепак е ефективна. Совршено ќе се вклопи со едноставна, еднобојна комбинација.

5-za-site-obozhavatelki-na-krznoto-kako-da-go-nosite-krznoto-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

5. Детали од крзно

Ако сакате да носите нешто крзнено по секоја цена, но цело парче од крзно ви е сепак премногу, одберете капут, јакна или некое друго парче облека со крзнени детали. Малку, но доволно за да бидете модерни.

6-za-site-obozhavatelki-na-krznoto-kako-da-go-nosite-krznoto-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар