За русокосите: Како кечапот може да ја спаси вашата боја на коса?
Доколку сте русокоса најверојатно се мачите со жолтеникавите и портокалови тонови. Сè зависи од нијансата на косата, но најверојатно често се случува кога самите ќе го бојадисате коренот дома, тој да не излегува баш така како што сте посакувале. Најдобро решение се сиво-русите тонови на фарба за коса, но често наместо убавата боја која сте ја сакале, излегува виолетова или сина. Верувале или не кечапот, може да го реши тој проблем, а ние ќе ви откриеме на кој начин!
Досега сигурно сфативте дека ви се потребни кечап и коса која влече накај сино, виолетово или зелено. Во фотографиите кои следат подолу ќе откриете како се одвива целиот процес.
1. Вака изгледа вашата коса пред да го започнете овој процес.
2. Косата има многу чуден тон, а секоја русокоса која се бојадисувала дома во сиво-руса боја знае за што станува збор. Потоа, доаѓа делот кој само изгледа забавно: Нанесувањето кечап. Предложуваме ова да го правите во бањата, а на рацете задолжително да ставите заштитни ракавици. Исто така, препорачливо е на себе да ставите заштитен најлон поради дамките и не баш најубавиот мирис на кечапот.
3. Најдобро е кечапот да го нанесете на целата коса, отприлика колку пакување со кое сакате да ја нахраните. Оставете ја така час или два.
4. Штом ќе помине неопходното време, измијте го кечапот од косата и измијте ја со шампон кој постојано го користите.
5. Откако ќе ја исушите косата, резултатот е следен:
Несаканите тонови се неутрализирани! Секој експеримент е вреден за внимание, бидејќи, можеби не во целост, но резултатот може да се види и да ве спаси.
Доколку не сте сигурни која боја да ја изберете, консултирајте се со фризер или кога купувате фарба погледнете го резултатот на косата, што и понатаму не ви го гарантира исходот, но е приближно како сликата на кутијата.
Доколку ви се случи некоја мала незгода, барем постои забавен начин колку толку да ја решите!