За негувани врат и деколте: 3 природни начини да имате мазна кожа!
Сите знаеме дека вратот не може да ги сокрие годините, но најважно е кожата да биде негувана и сјајна. Одморот е вистинско време за носење маици и фустани што ги откриваат вратот и деколтето. Со годините кожата ги губи нејзиниот сјај и цврстина во сите делови. Ако сакате да се заштитите од ова, погледнете ги следните 3 начини со кои можете да го подобрите изгледот на кожата во оваа деликатна зона.
1. Масажа за зацврстување
Масажата ја прави кожата еластична и брчките стануваат помалку видливи. За масажа користете масло од ружа или бадемово масло. Тие имаат силно својство за подмладување. Нанесете на рацете и измешајте. Масирајте ја кожата на вратот со прсти правејќи мали кругови. Но, немојте да ја триете и да ја истегнувате кожата. Масирајте секоја вечер пред да нанесете крема. Масажата треба да трае најмалку 3 минути.
2. Маска за поубава кожа на деколтето
Дејствува како инстант подигнување и трае неколку часа. Совршено е да ја направите пред да одите на забава.
Потребни состојки:
- 2-3 лажички зелен чај (ставете 1 кесичка чај во шолја со зовриена вода)
- 1 лажичка желатин
Начин на подготовка:
Растворете го желатинот во чајот. Морате постојано да мешате. Кога смесата ќе се излади нанесете ја на вратот и деколтето. После 30 минути измијте со млака вода.
3. Подобрување на циркулацијата
Ладниот мраз ја забрзува циркулацијата на крвта во кожата и брзо го подобрува нејзиниот тонус и боја.
Замотајте 4-5 коцки мраз во ткаенина и раздробете ги. Нанесете ја ткаенината на деколтето. После една минута тргнете ја крпата и исушете ја кожата. Ставете крема пред спиење.
Дознајте и кои знаци покажуваат дека кожата на вашето лице старее пребрзо.
Kаква инфузија од зелен чај?! До кога ќе правите буквални преводи?! Infusion на англиски во контекст на чај се однесува на отстојан чај со билката, буквално само ЧАЈ сте можеле да пишете. Секакви луѓе ве читаат и многумина нема да ве разберат па ќе одат по аптеки да бараат ИНФУЗИЈА од зелен чај. Имате одговорност да пишувате точни преводи. Поздрав
Благодариме за забелешката, се поправивме. Понекогаш во брзање лесно се провлекуваат вакви ситници, па мило ни е што има кој да ги забележи. 🙂