За да звучите попаметно, избегнувајте да ги кажувате овие 7 зборови
Дали некогаш сте помислиле каков е вашиот вокабулар? Сигурно знаете дека зборовите што ги употребувате имаат големо влијание на тоа како изгледате во очите на другите луѓе. Па доколку сакате да звучите попаметно, обидете се да ги избегнувате овие 7 зборови.
1. Онака
Ова е зборот од којшто треба да се ослободите најпрво. Обидете се да изброите колку пати го употребувате во еден разговор и ќе се изненадите. Внимателно одбирајте ги вашите зборови кога разговарате и со текот на времето ќе го исфрлите „онака“ од вашиот речник.
2. Буквално
Кога нешто навистина се случило, нема потреба да го нагласите со „буквално“. Многу луѓе го употребуваат овој збор мислејќи дека ќе делуваат попаметно, но неговото постојано користење воопшто не звучи добро.
3. Апсолутно
Во поголемиот број реченици, употребата на овој збор е непотребна. Нешто може да биде или важно или неважно. Ако кажете апсолутно, не значи дека нештото ќе стане поважно.
4. Стварно
Ако сакате да нагласите нешто, одберете некој друг збор. „Стварно“ се користи пречесто и многу пати непотребно.
5. Неверојатно
Оваа придавка се користи за работи кои наводно нè зачудуваат, восхитуваат и загрижуваат. Сепак, кога го користите премногу изгледа како вам сè да ви станало неверојатно.
6. Искрено
Зарем кажувате лаги ако не го завршите или започнете говорот со „искрено“?
7. Само
Овој збор често се употребува надвор од неговиот контекст колку да ја „дополни“ реченицата. Но всушност со овој збор реченицата станува послаба.
Погледнете ги и зборовите кои ќе направат да звучите попаметно на работното место.