За 12 минути до повеќе среќа во животот

За 12 минути до повеќе среќа во животот

За среќа е потребно малку. Ако сте одморени, инспирирани сте и ви е забавно, одеднаш сте и поуспешни во она во што сакате да бидете успешни и животот станува поубав. За да го постигнете тоа експертите од разни области велат дека само 12 минути се доволно за да стигнете до таа цел.

За 12 минути до повеќе среќа во животот

12 минути сон

Дремката од 12 минути е доволна за да се освежите пред да продолжите со исполнување на обврските. Ќе се чувствувате многу поодморено ако тоа ви стане секојдневна навика, ќе ја зголемите продуктивноста и ќе бидете поуспешни.

12 минути движење

Ако немате можност да дремнете во моментот, сигурно можете барем да станете и да поминете дванаесетина минути во движење. Тоа ќе ви го разбистри умот пред да продолжите понатаму.

12 минути инспирација

Читањето инспиративни цитати за многумина е глупаво, но 12 минути дневно од оваа активност може да стори чуда за вашата мотивација. Ќе ве натераат да целите кон многу повеќе во животот и потоа ќе се чудите што сè можете да постигнете.

12 минути забава

Се разбира дека ви е потребно многу повеќе забава за среќен живот, но во моментите кога сте на сред исполнување обврски и се чувствувате „прегорено“, одвојте 12 минути за да направите нешто забавно, како на пример разгледување на некои интересни слики на интернет или гледање интересни видеа. Тоа веднаш ќе ве релаксира.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар