Врело и слатко задоволство: Топли чоколади кои задолжително мора да ги вкусите оваа зима
Дали ги сакате моментите кога во топлината на вашиот дом, додека надвор паѓа снег, вие уживате во шолја топло чоколадо, потполно сами, со своето момче/девојка или пак пријател/ка? Ако сега, низ оваa наша мала приказна, барем за момент успеавте да ги замислите овие прекрасни зимски мигови, тогаш вистинско време е да продолжите со читањето на овој текст. Ви нудиме неколку нови, вкусни и слатки варијанти на топлото чоколадо кои задолжително мора да ги вкусите оваа зима.
1. Цимет и топло чоколадо
Подгответе освежителна напивка за оваа зима така што ќе споите две слатки задоволства – цимет и топло чоколадо.
2. Топло чоколадо со карамела
Наместо класично топло чоколадо со шлаг, испробајте нова варијанта така што преку шлагот ќе нанесете стопена карамела.
3. Топло чоколадо со путер од кикиритки
Сè што ви е потребно за да ја подготвите оваа вкусна напивка е блендер, многу топло чоколадо и путер од кикиритки според дозата која најмногу ви одговара.
4. Мексиканско топло чоколадо
Доколку топлото чоколадо не ви е доволно топло, додајте малку чили и ќе добиете вистинско мексиканско топло чоколадо.
5. Чизкејк топло чоколадо
Чизкејк топлато чоколадо е најдобар доказ дека белото чоколадо не мора да биде досаден избор за топло чоколадо, т.е. дека може да биде вкусно, особено ако има вкус на чизкејк.
6. Топло чоколадо со вкус на црвено вино
Никогаш не сте слушнале за оваа комбинација? Верувајте ни на зборот, ова и тоа како може да биде вкусно, а со тоа претставува одлична замена за вашата омилена напивка од детството.
7. Топло чоколадо со вкус на мента
Измешајте чоколадни бонбони со топло млеко, направете од нив топло чоколадо, а потоа додадете малку нане. Верувајте ни, уживањето ќе биде целосно!