Восхитувајте со поглед: Предлози за носење директно од улиците
Ги превртуваме плакарите, одиме на шопинг и ги следиме светските модни сцени. Црпиме идеи, но некогаш инспирацијата не ни доаѓа. Затоа подготвивме 13 предлози кои ќе ги свртат сите погледи кон вас. Модните критичари ќе ви симнуваат капи, а блогерите ќе ви се восхитуваат на храброста. Погледнете.
1. Крзно
Иако станува збор за пролет, крзното знае да се вклопи и во пролетните комбинации, ако знаете добро да го комбинирате. Плус, сѐ уште е ладно за лесна облека.
2. Близначки
Овој тренд е многу популарен оваа сезона. Модните парови го прават ова често, но им успева и на најдобрите пријателки. Затоа договорете се да се облечете исто со вашата најдобра пријателка и свртете ги сите погледи кон вас.
3. Цела во бело
Ќе изгледате како ледената кралица! А на кралицата сите ѝ се поклонуваат.
4. Пантолони со широки ногавици
Заменете ги тесните ногавици со пар широки. Без разлика дали се фармерки, кожни, еднобојни или шарени, тие се апсолутен хит оваа сезона.
5. Портокаловата е новата црна
Силна боја за силни луѓе. Без разлика дали ви се допаѓа или не, оваа идеја нема да помине незабележана.
6. Слоеви, слоеви…
Зошто да носите едно парче, кога може да носите две? Спојте ја омилената кожна јакна, со палто над неа и добивате совршен изглед.
7. Кралско сина
Доминантна боја која владее по улиците во сите комбинации и варијанти. Најдобра идеја: волуменозно палто.
8. Патики со сѐ
Модна недела без патики? Е не може. Освен на Њујоршката модна недела, тие беа видени и на Париската и на Миланската. Се држат силно меѓу бројните нови трендови и не го предаваат лесно своето место. Кежуал, спортски стил или отмен фустан, ваш е изборот.
9. 50 нијанси на сиво
Можеби не сте фан на книгата или филмот, но комбинациите со сиви парчиња за во пролет ќе внесат новитет во вашиот изглед.
10. Волуменозни кожни јакни
Оваа сезона заборавете на тесните модели и облечете кожна јакна со широк крој. Изгледа неодоливо.
11. Војничка зелена
Војничко зелената боја е задолжителна за оваа пролет. Малку е тешко да го најдете совршеното парче во оваа боја, но верувајте тоа ќе се појави кога најмалку го очекувате. Можеби во форма на бомбер јакна, палто, пантолони или здолниште… никогаш не се знае.
12. Голема марама/шалче
Бидејќи сѐ уште е ладно, сепак има потреба од топли работи, а што е подобро од топло шалче или марама? А, ако е големо/а тогаш уште подобро!
13. Сокријте се зад убав шешир
Шеширите освен што имаат посебен шарм, ќе го скријат вашето лице од штетните зраци и најважното, тие имаат моќ да го променат целиот изглед.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.