Волшебното стапче од чантата: 3 трикови за убавина за совршен изглед во текот на целата ноќ
Сте избрале нов фустан, сте нанеле вечерна шминка и елегантна фризура и сѐ е подготвено за вечерното излегување. Но, што кога во текот на ноќта вашата маскара повеќе не е на трепките, слаткиот шампањ заврши на вашата коса, а обетките на подот? Не грижете се, со помош на овие мали SOS трикови ваквите проблеми ќе станат минато.
6 производи кои мора да ги имате во вашата чанта:
- коректор за подочници или течна пудра
- хартиени марамчиња
- крема (тестер или мало пакување)
- кармин или сјај за усни
- огледалце
- чешелче
1. Размачкана маскара
Без разлика дали излегувате на отворено, па ви солзат очите или пак сте во затворен објект, вечерното излегување не може да помине без размачкана маскара.
Решение:
Не мијте го лицето со сапун и вода, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата и постои голема веројатност сапунот да заврши во вашите очи. Одете до тоалетот, земете хартиено марамче или парче тоалетна хартија и врвот намачкајте го со крема. Лесно тапкајте ги дамките од маската и избришете со сувиот дел. Местото покријте го со малку коректор или течна пудра.
2. Алкохолен пијалак во косата
Весела музика, добро расположение, танцување и гужва многу лесно може да резултираат со прелиен пијалак кој во тој момент се нашол во вашата фризура. Како да го спречите неудобниот мирис од алкохолниот пијалак и да ја спасите вашата фризура која внимателно сте ја направиле?
Решение:
Реагирајте додека вашата коса е сѐ уште мокра. Намокрете го чешелот и нежно исчешлајте го намокреното место. На чешелот ставете малку крема и повторно исчешлајте. Избришете го чешелот и уште еднаш со него поминете низ косата. Вашата коса нема да остане леплива и што е најважно нема да мириса на алкохол.
3. Изгубено копче од обетка
Свечените обетки се совршен детаљ со елегантната облека и фризура, но често се случува копчето кое ги држи обетките да исчезне. Доколку ви се случи ваква незгода, немојте да ги извадите обетките, туку употребете ја фантазијата и бидете снаодливи.
Решение:
Побарајте од келнерот парче лимон или уште подобро лимета и отидете до тоалетот. Со помош на ноктите скинете мало парче од кората и добро исушете го со хартиено марамче. Ставете ја обетката на увото, а парчето набодете го на игличката од обетката. Тоа ќе послужи како копче и што е најважно ќе издржи во текот на целата ноќ, а вие можете мирно да танцувате и да уживате во добрата забава.
Доколку сте во потрага по трикови кои ќе ви помогнат секогаш да изгледате убаво и негувано, тогаш задолжително прочитајте ги овие генијални трикови за убавина и нега што ќе ви го олеснат животот.