Волшебни новогодишни тортички од земјата на чудата

Волшебни новогодишни тортички од земјата на чудата

Празничен десерт за внесување калории со добар изговор

Волшебни новогодишни тортички од земјата на чудата

За тортичките од ванила
Потребни состојки:
  • 130 г брашно
  • 1 ¼ кафена лажичка прашок за пециво
  • ½ кафена лажичка сода бикарбона
  • ½ кафена лажичка сол
  • 2 јајца
  • 150 г шеќер
  • 1 ½ кафена лажичка екстракт од ванила (доколку немате заменете со ванилин шеќер)
  • 120 мл масло за готвење
  • 120 мл млеко
  • ½ кафена лажичка оцет

Волшебни новогодишни тортички од земјата на чудата

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180˚ и подгответе 12 калапи за мафини.
Во еден сад ставете ги брашното, прашокот за пециво, сода бикарбоната и солта. Тргнете го садот настрана.

Во млекото додајте го оцетот и почекајте да отстои 3-5 минути.
Во меѓувреме во друг сад додајте ги двете јајца и добро изматете ги. Додајте го шеќерот и повторно матете додека состојките не се соединат. Додајте ги екстрактот од ванила и маслото и повторно проматете.

Прилагодете го миксерот на мала брзина. Во еден сад додајте пола од смесата со брашно, изматете па додајте пола од млекото со киселина. Повторете ја постапката со преостанатите состојки и добро соединете ги со матење.

Додајте од смесата во калапите за мафини но не ги преполнувајте, полнете само ¾ од секој калап. Во претходно загреаната рерна ставете ги тортичките да се печат. За да проверите кога се готови, боцнете со чепкалка за заби на средина од некоја од тортичките. Доколку стапчето излезе чисто, вашите тортички се готови.

Оставете да се оладат неколку минути, потем многу внимателно извадете ги од калапите. Треба добро да се оладат пред да ги декорирате.

За декорација
Потребни состојки:
  • 230 г шеќер во прав
  • 120 г несолен путер на собна температура
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
  • 1-2 пакувања крем-сирење
  • Зелена боја за храна
  • Трошки во боја или други декорации за храна (доколку имате време може да ги направите од тесто и боја за храна)
  • Шприц за декорација при готвење
Начин на подготовка:

Најпрво во еден сад изматете го добро путерот со миксер. Додајте го екстрактот од ванила, па прилагодете го миксерот на ниска брзина истовремено додавајќи го шеќерот.

Додајте го крем-сирењето и матете неколку минути додека состојките не се соединат. Доколку има потреба додајте уште малку крем-сирење или шеќер.

Одвојте ¾ од смесата и додајте зелена боја за храна (онолку колку што е потребно за да добиете добра боја). Од останатиот дел од смесата ставете на секоја од тортичките.

Наполнете го шприцот за декорација со зелената смеса, и внимателно декорирајте ја секоја од тортичките во форма на елки, почнувајќи однадвор а завршувајќи ја декорацијата на средина за да го креирате врвот. Потоа поросете со трошките во боја.

Слободно разбудете ја вашата креативност! Дел од тортичките може да ги декорирате со необоената глазура, така што врз неа ќе наросите кокос и ќе поставите дел од бонбонче во форма на бастун. Исто така, од црвено тесто може да формирате малечки подароци (како што е прикажано на сликата).

Волшебни новогодишни тортички од земјата на чудата Волшебни новогодишни тортички од земјата на чудата

Но не запираме тука. За тие со повеќе време и желба, ајде да приготвиме тортички со елки од корнети!

Треба да имате две смеси за декорација (бела и зелена), како што погоре е објаснето. Повторно ставете од белата смеса врз тортичките (но малку повеќе за разлика од претходно), а потоа додајте и кокос за ефект на снег.

Поставете ги корнетите за сладолед наопаку врз секоја од тортичките, нежно притиснувајќи за да ги прицврстите.

Корнетите обложете ги со зелената глазура. Може да употребите чепкалка за заби за да го доловите изгледот на елка. Потоа декорирајте по ваша желба.

Волшебни новогодишни тортички од земјата на чудата

Среќни празници!

Волшебни новогодишни тортички од земјата на чудата


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар