Водечки тренд за оваа пролет: Џемпери со гол грб!

Водечки тренд за оваа пролет: Џемпери со гол грб!

Иако плетените џемпери никогаш не сме ги гледале како парчиња кои се на врвот на модните трендови, мораме да признаеме дека оваа сезона џемперите се клучни елегантни парчиња кои владеат на Инстаграм и на останатите социјални мрежи.

1-glavniot-trend-za-ovaa-prolet-dzhemperi-so-gol-grb-www.kafepauza.mk_

Летна опсесија беа блузите, кошулите, маиците и фустаните кои го откриваат грбот, а сега тој тренд се „префрли“ и на џемперите.

2-glavniot-trend-za-ovaa-prolet-dzhemperi-so-gol-grb-www.kafepauza.mk_

Оваа сезона модерни се парчињата облека кои на суптилен начин го откриваат грбот, а меѓу нив спаѓа и џемперот. Овој тренд веќе е забележан на Инстаграм, и модните блогерки претставуваат модни комбинации со занимливи исечоци или панделки на грбот.

-glavniot-trend-za-ovaa-prolet-dzhemperi-so-gol-grb-www.kafepauza.mk_

Бели, пастелни, сиви или во потемни нијанси, џемперите на деликатен начин го откриваат грбот и изгледаат сјајно во комбинација со најобични фармерки. Овие неодоливи џемпери со сигурност ќе бидат голем тренд за оваа пролет.

3-glavniot-trend-za-ovaa-prolet-dzhemperi-so-gol-grb-www.kafepauza.mk_ 4-glavniot-trend-za-ovaa-prolet-dzhemperi-so-gol-grb-www.kafepauza.mk_ 5-glavniot-trend-za-ovaa-prolet-dzhemperi-so-gol-grb-www.kafepauza.mk_ 6-glavniot-trend-za-ovaa-prolet-dzhemperi-so-gol-grb-www.kafepauza.mk_ 8-glavniot-trend-za-ovaa-prolet-dzhemperi-so-gol-grb-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар