Вода од рози: Сојузник во третманите за разубавување и подмладување
Водата од рози е еден од наједноставните продукти што треба да бидат вклучени во вашата секојдневна рутина. Во продолжение прочитајте ги нејзините здравствени придобивки.
1. Добра за кожата
Водата од рози може да направи чудо за вашата кожа. Таа е совршен избор кога се работи за стареење на кожата бидејќи ги затегнува порите на кожата, а со тоа ги намалува и брчките. Истовремено, ја хидрира и навлажнува сувата и чувствителна кожа без да предизвика некаква иритација.
2. Ја чисти кожата
Водата од рози може да делува и како ефикасно средство за чистење на кожата. За богатите стари Римјани било карактеристично капењето во вода од рози. Општо познато е дека колку помалку е разредена водата, толку се поголеми придобивките.
3. Може да се користи и како додаток во исхраната
Водата од рози може да им даде посебен вкус на јадењата, а добро е да знаете дека оваа течност има и други намени освен третманите за убавина на лицето.
4. Може да се пие
Водата од рози може да се користи како здрав додаток во пијалаци. Богата е со антиоксиданси, флавоноиди, танини и неколку есенцијални витамини како А, Ц, Д, Е и Б3. Еден од најпознатите рецепти е додавањето сируп од вода од роза во чаша ладно млеко.
5. Има антидепресивни својства
Истражувањата покажале дека овој продукт може да ви помогне да го подобрите расположението и да се ослободите од нервната напнатост. Според старо персиско верување, шолја чај со вода од рози може да ги смири умот и емоционалната состојба.
6. Може да лекува кожни инфекции
Поради своите антиинфламаторни и хидратантни својства, водата од рози се смета за ефикасен третман при различни кожни проблеми како што се дерматитис, егзема, па дури и изгореници од сонце.
7. Може да ја намали појавата на акни
Водата од рози е ефективна кога станува збор за намалување на црвенилото и воспалението на кожата. Поради оваа причина се смета како одличен природен третман за акни.
8. Може да послужи како дезинфекција
Водата од рози може да биде корисна не само за вашето лице туку и за вашиот дом. Спрејот за дезинфекција од вода од рози е вистинскиот избор доколку сакате да го освежите просторот со прекрасна арома.
Откако ги прочитавте здравствените придобивки од водата од рози, можеби сакате да прочитате и како сами да направите тонер за лице од рози.