Во што се состои нашата најголема моќ според Сигмунд Фројд?
Мислите се оние кои го создаваат нашиот живот, реалност и се поттик за нашите акции. Постои верување дека почнуваме да живееме целосно дури кога ќе престанеме да живееме во нашите мисли. Зборовите се раѓаат од мислите, а тие можат да бидат спас за раната или најсмртоносното оружје.
Кога дозволуваме емоциите да нè водат, лесно можеме да изговориме некои работи без да размислиме за последиците. Ако сме во конфликт или се чувствуваме немоќни, можеме да кажеме нешто што не го мислиме, како некаков илузорен штит, а потоа да се запрашаме – „зошто го кажав тоа…“. Но зборовите можат да содржат и одлични идеи, да искажуваат љубов или да бидат инспирација.
Познатиот психијатар Сигмунд Фројд изјавил дека секој од нас поседува неверојатна моќ која доаѓа токму од зборовите:
„Зборовите имаат магична моќ, тие можат да ја поттикнат и најголемата среќа или најдлабокиот очај; можат да го пренесат знаењето од наставник на ученик; зборовите му дозволуваат на говорникот да ја поколеба својата публика и да влијае врз нејзините одлуки. Зборовите се способни да предизвикаат најсилни емоции и да ги поттикнат луѓето на акција“.
Затоа е важно да се активира „филтерот“ за селекција на зборови, оној кој ќе ни каже кои зборови се правилни, а кои не треба да бидат дел од животот. Зборовите се поврзани и со нашите чувства, и затоа е важно при процесот на селектирање да останат само оние што се искрени, полни со љубов, поука и учење, а оние што содржат лаги, негативност и темнина да исчезнат.
Зборовите претставуваат моќ кој ја поседува секој од нас – вие избирате како ќе ја користите вашата!
Откако го прочитавте влијанието на зборовите, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 зборови привлекуваат негативна енергија доколку често ги изговарате.
Извор: sensa.mondo.rs