Во овие заблуди веруваат 99% од паровите и тоа ги чини многу
Личната среќа е најголемото достигнување за секој човек, бидејќи кога ние сме среќни можеме да ги усреќиме и другите. Психолозите советуваат да не наметнувате некои застарени правила за брачно однесување и едноставно да уживате во заедничкиот живот без меѓусебно да се оптоварувате.
Според нив, советот да го правите вашиот сопруг или сопруга среќен/среќна секој ден е најлошиот совет на светот! Наместо тоа, треба да се фокусирате да бидете комплетна, среќна и здрава личност бидејќи вашата целовитост ќе придонесе за хармонијата во бракот.
Психологот Хол Ранкел вели дека идејата дека задоволувањето на потребите на другиот ќе ве направи среќни е целосно погрешна.
Тој тоа го објаснува преку личен пример.
Она што овој психолог го пренесува како совет е меѓусебно да се надополнувате со партнерот. Онаму каде што тој има пропусти, да се вклучите вие и обратно. Само така ќе му поставите цврсти темели на вашиот брак. Наместо да „си требате“ еден на друг, тој советува да се сакате еден со друг.
За оние кои сè уште се во потрага по својот идеален партнер психологот вели дека една од најголемите опасности при таквата потрага е уверувањето дека постои сродна душа и дека судбината сигурно ќе ве обедини. Таквото размислување не ве мотивира за никаква акција и е сведено на чекање да се појави „вистинскиот“. А тоа, обично, не се случува затоа што пред некој да ве засака вас, мора прво вие да се сакате себеси.
Вашиот партнер не може да ве почитува толку отколку што вие може да се почитувате себеси.
Можеби сакате да дознаете и што кажува начинот на кој се држите за рака со партнерот за вашата љубовна врска?