Во овие ситуации лимонот станува опасен по здравјето!
Повеќето луѓе сметаат дека лимоните се феноменални за здравјето, кожата и косата. Сепак, дури и оваа исклучително корисна состојка може да биде придружена со несакани ефекти!
На пример, ако испиете премногу сок од лимон во текот на еден ден, шансите дека потоа ќе имате раздразнет стомак се многу големи.
Нашиот организам е во состојба да свари сè одеднаш, а тоа го прави стомакот кисел подолго време. Ова значи дека мукозните мембрани на дигестивниот систем се иритирани, а тоа може да доведе до болки во стомакот.
Гастроезофагеалната рефлуксна болест е исто така позната како киселински рефлукс, а лимонот е една од состојките одговорни за ваквата состојба. Киселината во овошјето може да го ослабне долниот езогагелен сфинктер (мускул што го одделува желудникот од хранопроводот) и да стимулира производството на киселина во желудникот што може да ја иритира мукозната мембрана на хранопроводот. Оваа состојба може да резултира во чир на желудникот.
Некои од симптомите се гадење, регургитација (неволно враќање на желудочна содржина во хранопроводот и фаринксот), повраќање, болка во градите, болки во грлото…
Друг несакан ефект од ова овошје е тоа што помага при формирањето на камења во бубрезите или жолчното ќесе.
Прекумерната употреба на лимони може да предизвика вашите дигестивни органи да апсорбираат премногу железо, со што големо количество непотребно железо да се акумулира во организмот. Оваа висока концентрација на железо на крајот може да доведе до болест како што е хемохроматозата.
Лимонската киселина произлегува од високата концентрација на витамин Ц во лимонот. Тоа го прави ова овошје природен диуретик, но исто така ја зголемува и потребата од мокрење.
Истражувањата покажале дека лимонот може да биде една од најчестите причинители на мигрена или главоболки, бидејќи содржи значителна количина аминокиселини.
Консумирањето сиров лимон или пиењето чист сок од лимон може директно да ги оштети вашите заби. Лимонската и аскорбинската киселина, кои се наоѓаат во лимонот предизвикуваат сериозно оштетување на забната глеѓ. Ова може да доведе до промени на бојата на забите, но и нивно расипување.
Многумина користат сок од лимон за разубавување на кожата, но во лето тоа не е толку препорачливо бидејќи може да предизвика изгореници. Користењето на сок од лимон при миењето на косата е дефинитивно добра идеја, но не треба да претерувате за да не ја направите косата премногу сува.
Можеби сакате да ги дознаете и 5-те причини зошто треба да јадете манго.