Во кои ситуации шеќерот е повеќе од добредојден?
Можеби сте го намалиле внесот на шеќер или целосно сте се откажале со надеж дека ќе имате поздраво срце или дека ќе го намалите ризикот од дијабетес. Но, не исфрлајте го целосно од домаќинството бидејќи можете да го користите на многу начини.
Пилинг за тело
Овој пилинг не може да биде поедноставен, а резултатот е мазна кожа. Само измешајте малку кокосово масло со грст шеќер и истријте го телото.
Испукани усни
Истиот пилинг можете да го користите и за усните. Само немојте да триете многу силно, а по пилингот нанесете балсам за усни.
Груби лакти
Ставете малку шеќер на половина лимон и истријте ги грубите делови како што се лактите. Шеќерот е природен ексфолијант поради неговата грануларна форма, но е и извор на гликолна киселина која го изедначува тенот на кожата и ги отстранува мртвите клетки.
Отстранете ја мрснотијата
Шеќерот е одличен сојузник во борбата против мрснотиите. Ако работевте во градината, во гаражата или во кујната, измијте ги рацете со сапун и со малку шеќер за да ја отстраните мрснотијата од вашите дланки.
Нахранете ги растенијата
Растенијата сакаат глукоза исто како и ние. Измешајте три лажички шеќер со две лажички оцет и додајте ги во вазната со вода. Оцетот ќе го спречи развојот на бактериите, а шеќерот ќе го зацврсти растението и ќе им помогне на цвеќињата да останат живи подолго.
Смирете го пожарот во устата
Јадевте нешто луто и сега се каете. Млекото не е единствениот начин за ублажување на пожарот во устата. Ставете малку шеќер на јазикот за да ја ублажите лутината.
Дамки од кармин
Ако дамката од кармин не исчезнала при перењето, следниот пат нанесете паста од шеќер и вода. Оставете ја пастата да стои еден час и потоа исплакнете со вода.
Исчистете ја мелницата за кафе
Не можете да се откажете од добрата, стара мелница за кафе. Ако ја исчистите со шеќер, таа ќе работи подолго и подобро. Исто така, шеќерот ќе го апсорбира мирисот од остатоците од зрната кафе и од зачините што сте ги мелете.
Спречува мувлосување на сирењето
Чувајте го сирењето во херметички затворен сад во кој ќе ставите коцка шеќер.
Ако сте се откажале од белиот шеќер и како замена користите кафеав, тогаш прочитајте ги овие вистини и митови за кафеавиот шеќер.