Внимавајте што посакувате ... секако дека ќе ви се оствари!

Внимавајте што посакувате … секако дека ќе ви се оствари!

За да ни биде полесен, а воедно и појасен животот, треба да сфатиме две работи:

1. Доколку вистински сакаш нешто, истото ќе го добиеш.

2. Тоа што си бараш, тоа и ќе си најдеш.Внимавајте што посакувате ... секако дека ќе ви се оствари!Прво и основно – сè е психа. Доколку знаеш да управуваш со неа – супер, си имаш целосна контрола над себеси. Работите се онакви какви што ги гледаме, сè зависи од тоа како ги доживуваме нештата, и доколку самите се мотивираме и насочиме кон целта, ќе ја достигнеме. Само штета што човековата упорност не е секогаш толку силна. Лесно знаеме да се откажеме, обесхрабриме или едноставно да мрчиме, зашто секогаш е полесно да кренеш раце и да обвиниш некој друг. Нема сила која може да ме разубеди дека доколку нешто вистински посакуваш ќе го добиеш. Ако желбата е силна, тогаш целосно се насочуваме кон остварување на целите и го освојуваме посакуваното. И нема изговори од типот: „ Не ме бива“, „Не сум роден/а за тоа“, „Не сум јас за таа работа“… сето тоа во превод значи НЕ САКАМ ДА СЕ ПОТРУДАМ ДОВОЛНО.

Мојата теорија дека го наоѓаш тоа што си го бараш, во милиони случаеви се има потврдено. Без разлика дали станува збор за кариера, пријатели или партнер, луѓето кои се задржуваат во нашиот живот, тука се со причина. Тоа значи дека нив сме ги барале, такви луѓе ни биле потребни. Еве најпрост пример, размислете за паровите кои ги познавате. Едноставно си одговараат еден со друг, колку и на прв поглед да не се забележува тоа, си се надополнуваат и се компатибилни. ТОЈ е мачо, силен, висок и на прв поглед јак човек кој нема стравови, ама во суштина е мек, па затоа му треба ТАА, која можеби навидум е женствена и мека, но секогаш гласно ќе ги кажува своите ставови и грубо ќе му противречи на она што не ù се допаѓа. Едноставно, луѓето околу нас сме ги избрале со причина, а зависно од тоа како ќе се поставиме со нив, ист однос ќе добиеме за возврат…

Внимавајте што посакувате, дали искрено го сакате тоа и колку сте подготвени да се жртвувате за истото. Не бидете дел од монотоната шема, заслужувате да целите на високо, бидејќи оној кој нема цел, не знае ни каде оди. Но не целете високо доколку не сте подготвени за борба.

Ќе ве поздравам со изрека на Алберт Ајнштајн: „Сите се генијалци, но ако ја терате рибата да биде добра во качување по дрво, ќе го помине целиот живот мислејќи дека е глупава.“ Сите се генијалци на свој начин, само треба да се насочат кон она што го прават добро до перфекција. Во што сте добри? Што е тоа што го работите со силна страст? Кои се вашите цели? Што би сакале да имате? Како може да си го подобрите животот? Нема универзални одговори на овие прашања, затоа мора самите да ги најдете за себе.

На здравје неделно кафе,

Вашата Ели.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Иви Reply

    Одлична статија, моја драга Ели. 🙂

    Но, што се случува доколку посакуваш НЕКОГО… којшто ти е забранет? А посакувањето е многу силно од обете страни… Да се откаже или?

    Би те замолила за Reply…

    Ти благодарам

    • Ели Радеска Reply

      Драга Иви,

      Забранетото е секогаш најслатко, нели? 🙂
      Не ја знам точно твојата ситуација, каков е сплетот од околности, кои се влијанијата… Сепак можам да кажам дека зависи од кого е забранет и поради што. Доколку вашата врска би ги повредила вашите најблиски тогаш можеби е најпаметно да се оддалечите на некое време и да размислите со ладна глава. Често забораваме дека не сме сами на овој свет и дека нашите постапки можат да ги повредат луѓето околу нас. Но доколку е забранет од општеството поради некоја банална причина, не вреди да си го скратиш сопственото задоволство, само за да некому му направиш ќеф.
      Има разлика од посакување и вистинска љубов за која вреди да се бориш. Не дозволувај да бидеш заслепена поради минлива заљубеност, размисли дали вреди да ризикуваш. Од една страна стави го позитивното што може да излезе од тоа, а од друга страна негативното, па види што тежи повеќе. Но никогаш не донесувај одлуки во лутина, преголема тага или среќа. И не заборавај дека животот дава и други шанси, можеби некогаш е подобро да се повлечеш и да го почекаш подоброто кое следи. 😉
      Искрено се надевам дека мојот одговор макар малку ти помогна.
      Поздрав и со среќа во донесувањето на оваа одлука.

Остави коментар