Внесете летна возбуда во вашата врска

Внесете летна возбуда во вашата врска

Чувствувате дека вашата врска губи стабилност? Или можеби се јавува по некој знак на здодевност и монотонија? Не дозволувајте да спласне возбудата во вашата љубовна врска, искористете ги благодетите кои ги носи летото.

Секс на отворено

Во лето сме порелаксирани, опуштени, а секако и топлото време е дополнителен плус. Се разбира внимавајте каде го правите, но задолжително направете го тоа ова лето. Летото е совршено за секс на отворено.

Внесете летна возбуда во вашата врска

Викенд-бегство

Нема нешто што може повеќе да ги зацврсти вашите односи од едно кратко романтично бегство. Одберете викенд кога вие и вашиот сакан/а ќе избегате од градскиот метеж и ќе се стопите во прегратка цел еден викенд, само вие двајца. Нема проблеми, обврски и трчање, има само многу љубов и летна романса. Посветете се еден на друг!

Секс на невообичаени места

И хормоните во лето лудуваат, шансите да ви светне некоја луда идеја се уште поголеми. Страстите разменете ги далеку од спалната соба и удобниот кревет. Kлуч за внесување возбуда во врска е несекојдневното.

Жежок состанок

Дури и да сте во врска со години, вратете го она чувство кое сте го имале на првиот состанок. Испланирајте го добро, и нека биде незаборавен. Нека наликува на оној прв состанок на кој толку многу се внимава, испланирајте го во етапи, вечера, кино, можеби куглање или нешто слично…

Латино звуци

Доколку знаете да танцувате супер, доколку одговорот е негативен, научете, или играјте онака како што знаете, кому му е грижа? Заедно посетете латино забава или забава со кубанска музика и оставете звуците да ве понесат. Едноставно има звуци на кои е прикладно да се игра во лето, па искористете го ова лето и танцувајте… и тоа многу!

Лето е, конзумирајте добри коктели, уживајте и лудувајте максимално. Искористете го тоа за да си ја подобрите врската доколку имате партнер. Но, притоа не заборавајте да бидете внимателни и одговорни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар