Вкусни сосови за чипс

Вкусни сосови за чипс

Овие вкусни сосови, се едноставни и лесни за подготовка, а што е поважно повеќето од нив се приготвуваат со состојки кои најчесто ги имате дома. Покрај со чипс, некои од нив одлично одат во комбинација и со пирошки, похован кромид, поховани зденки, пилешки прсти, пилешки крилца, крокети и слична храна.Вкусни сосови за чипс

Сос со сенф и мед

Потребни состојки:

  • 100 мл мајонез
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици сенф
  • ½ лажица лимонов сок

Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад, сè додека не добиете хомогена смеса. Покријте го сосот со фолија и оставете го да преноќи во фрижидер.Вкусни сосови за чипс

Крем-сос

Потребни состојки:

  • 100 мл павлака
  • 50 мл мајонез
  • 1 лажица лимонов сок
  • 10 г свеж копар, исечкан
  • сол и бибер по вкус

Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување.Вкусни сосови за чипс

Тексашки тартар сос

Потребни состојки:

  • 1 кромид ситно исечкан
  • 3 ситно исечкани краставички
  • 5 зелени маслинки со пиперка, исцедени и исечкани
  • 200 мл мајонез
  • свеж магдонос

Начин на подготовка: Во блендер ставете ги маслинките, краставичките, кромидот и магдоносот и нежно измешајте ги. Во еден сад ставете ја смесата и одозгора сипете го мајонезот. Убаво измешајте ги состојките и оставете го сосот во фрижидер, барем еден час пред послужување.Вкусни сосови за чипс

Моцарела сос

Потребни состојки:

  • 250 мл мајонез
  • 100 мл павлака
  • 100 г рендано моцарела сирење
  • 2 рендани лажици пармезан
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сечкан кромид
  • прстофат сол

Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување.Вкусни сосови за чипс

Лут сос

Потребни состојки:

  • 250 мл мајонез
  • 250 мл павлака
  • 50 мл луто доматно пире
  • ½ лажица црвен пипер

Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување.Вкусни сосови за чипс


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар