Вкусни и здрави штангли од карамела без шеќер

Вкусни и здрави штангли од карамела без шеќер

Десертот може да биде многу вкусен и без во себе да содржи додадени шеќери. Такви се и овие штангли од карамела кои не се прават со огромни количини путер и шеќер кои му годат на сетилото за вкус, но го разболуваат организмот. Неговата тајна состојка се урмите. Тие во себе содржат доволно природни шеќери и затоа не е потребно да им се додава, а изобилуваат и со многу други минерали кои му се потребни на телото. Овој рецепт е многу лесен за подготовка, многу е сладок и вкусен. Многу потсетува на чоколатцата „Марс“, само што оваа верзија е многу поздрава.

Вкусни и здрави штангли од карамела без шеќер

Потребни состојки:
За едниот слој:
  • 300 грама урми
  • 3 лажици путер од кикирики
  • 2 лажици мед
  • екстракт од карамела
  • прстофат сол
  • 2 лажици масло за јадење
За другиот слој:
  • 150 грама темно чоколадо
  • една лажица путер од кикирики
  • една лажица масло за јадење
  • екстракт од карамела
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки за првиот слој во блендер и мешајте додека не добиете изедначена и леплива смеса. Потоа ставете ја на рамна површина прекриена со пластична фолија и оформете правоаголник висок околу 5 милиметри. Пресечете го на половина и двата дела ставете ги во замрзнувач час и половина.

Во меѓувреме направете го и вториот слој. Растопете го чоколадото на оган и додајте му ги останатите состојки.

Кога и втората смеса ќе биде готова, извадете ги двата дела од првиот слој од замрзнувач. Намачкајте го едниот дел со чоколадната смеса и чекајте една минута за малку да се здрви, па ставете го вториот дел и намачкајте уште од чоколадото. Потоа сето тоа ставете го уште 15 минути во фрижидер за убаво да се здрви и исечете го на штангли.

Вкусни и здрави штангли од карамела без шеќер

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница н


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар