Вкусни црно-бели колачиња
Одлично слатко изненадување за целото семејство
Потребни состојки:
- 340 г шеќер
- 230 г несолен путер (на собна температура)
- 4 јајца
- 360 мл млеко
- ½ кафена лажичка екстракт од ванила
- ¼ кафена лажичка екстракт од лимонов сок
- 230 г брашно за печење
- 260 г обично брашно
- ½ кафена лажичка прашок за печиво
- ½ кафена лажичка сол
- 530 г шеќер во прав
- 120 мл вода
- 85 г чоколада за готвење
- 1 кафена лажичка сируп од пченка (како замена може да искористите мешавина од кафеав шеќер и вода; внимавајте да биде доволно густа налик на сируп)
- 1–2 супени лажици какао во прав
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 ˚C. Тавата каде ќе ги печете колачите, испрскајте ја со спреј за печење или обложете ја со хартија за печење. Во голем сад додајте ги шеќерот и путерот. Измешајте со миксер или со рака, потоа додајте ги јајцата (едно по едно, не сите одеднаш), млекото, како и екстрактите од ванила и лимонов сок. Добро измешајте додека смесата не згусне.
Во друг сад додајте ги двете видови брашно, прашокот за печиво и солта. Добро промешајте. Сувата смеса која ја добивте додавајте ја во другата мешавина во серии. Со секое додавање добро промешувајте.
Со супена лажица земајте од смесата. При секое црпење полнете ја лажицата и внимателно оставајте ја смесата врз хартијата за печење формирајќи кругови. Внимавајте круговите да бидат оддалечени околу 5 сантиметри еден до друг. Печете околу 20-тина минути, додека не потемнат краевите на колачињата. Потем оставете добро да се оладат.
Зовријте малку вода. Во огноотпорен сад ставете го шеќерот во прав. Внимателно додавајте по малку од зовриената вода додека не добиете густа смеса. Внимателно додајте од смесата што ја добивте врз половина од секое од колачињата.
Садот со преостанатата бела смеса ставете го врз садот со водата и повторно оставете ја водата да зоврие. Додајте ја чоколадата и промешајте за да се растопи, а потоа додајте го и сирупот од пченка. Доколку бојата на смесата не е доволно темна, додајте го и какаото во прав.
Преостанатите половинки од колачињата, прелијте ги со темната смеса.
Колачињата пожелно е да се чуваат неколку дена во затворен простор. Доколку забележете дека преливот се суши, може одвреме-навреме да ги попрскате со малку зовриена вода.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.