Вкусен пудинг со семе од чиа и банана

Вкусен пудинг со семе од чиа и банана

Овој пудинг со семе од чиа и банана е одличен појадок кој е многу здрав и лесен за подготовка! Ако брзате за работа или едноставно немате време да подготвувате комплициран појадок, тогаш овој рецепт мора да го погледнете.

Вкусен пудинг со семе од чија и банана

Потребни состојки:

  • 35 г семе од чиа
  • 150 милилитри млеко по избор
  • 1 лажичка агаве сируп или мед
  • 1 лажичка цимет
  • 1 пасирана банана
  • 1 банана за украсување
  • кокосови струготини за украсување

Начин на подготовка:

  1. Во еден сад ставете ги семето од чиа, млекото, сирупот или медот, циметот и пасираната банана. Мешајте додека не се комбинираат.
  2. Покријте го садот и оставете во фрижидер за 1 час.
  3. Ставете од смесата во 2 чаши и украсете со сечкана банана и кокосови струготини или по избор.

Дополнителна информација:

Готовиот пудинг измешајте го и почекајте 2 до 3 минути, а потоа пак измешајте за да нема грутки.

Пробајте го и овој вкусен чиа пудинг за љубителите на здравата исхрана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар