Вкусен и здрав сендвич со салата од авокадо и јајца
Што планирате денес за ручек? Ви го препорачуваме овој одличен сендвич!
Потребни состојки:
- 8 големи јајца
- 113 грама мајонез
- 113 грама павлака
- 1 супена лажица сенф
- 1 лимон, исцеден
- 1 супена лажица алкохолен оцет
- 3 супени лажици свеж копар, исечкан
- 3 супени лажици свеж магдонос, исечкан
- 2 супени лажици свеж босилек, исечкан
- Сол
- Бибер
- 2 супени лажици каперси
- 3 стапчиња целер, исечкан
- 1 кромид, тенко исечкан
- 1 авокадо, исечкано
- 8 парчиња леб од цело зрно
- 1 домат, тенко исечкан
- 4 големи листови марула
Начин на подготовка:
Сварете ги јајцата на среден оган. Потоа исцедете ги јајцата и измијте ги со ладна вода. Дозволете им целосно да се оладат, а потоа излупете ги, исечкајте ги и ставете ги во сад со средна големина.
Во друг сад, помал, измешајте ги мајонезот, јогуртот, сенфот, сокот од лимон и оцетот. Измешајте ги добро, па додајте ги сите зачини.
Сипете ја мешавината врз јајцата и потоа додајте ги каперсите, целерот, кромидот и авокадото. Нежно измешајте за да се комбинираат сите состојки.
Поделете ја добиената салата на 4-те лепчиња, па наредете ги патлиџаните, марулата и останатите 4 парчиња одозгора.
Пробајте го и овој вкусен вегетаријански сендвич со сирење!