Вкусен и брз појадок: Рецепт за запечена овесна каша

Вкусен и брз појадок: Рецепт за запечена овесна каша

Овесната каша во комбинација со овошје, млеко или чоколадо е идеален избор за појадок. Денес ви споделуваме рецепт за запечена овесна каша кој е толку брз и едноставен за подготовка!

Вкусен и брз појадок: Рецепт за запечена овесна каша

Потребни состојки:

  • 1 шолја овесна каша
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 шолја млеко
  • 100 грама јогурт
  • засладувач по желба (на пример, сируп од кокос)
  • 1 лажица џем од боровинки и малку свежи боровинки

Начин на подготовка:

Сомелете ја овесната каша во блендер, а потоа додадете го прашокот за пециво и другите состојки, јогуртот, млекото и засладувачот. Половина од смесата истурете ја во сад, а потоа додадете една лажица џем и малку свежи боровинки и на крајот додадете го остатокот од смесата. Оваа количина е доволна за две порции. Печете во рерна околу 15 минути на температура од 180 степени целзиусови.

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за совршен протеински појадок: Сладок тост со рикота сирење и банана за идеален почеток на денот.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар