Вкусен десерт и уште повкусни шолји

Вкусен десерт и уште повкусни шолји

Ќе почнете да ги јадете со поглед уште пред да ги земете во рака!

7-vkusen-desert-i-ushte-povkusni-sholji-kafepauza.mk_

Дали сакате вкусен, кремаст десерт во прекрасни мали шолји? А истовремено да можете ја изедете и шолјата? Тоа е сосема возможно, а и многу лесно – направете мали шолји кои се јадат и во нив послужете го десертот. Што е уште подобро, тоа нема да ви одземе многу време, а ни материјал. Одвојте половина час и малку бело чоколадо за готвење. Покрај тоа ќе ви бидат потребни и калапи за мафини и може да почнете.

Начин на подготовка:

1. Стопете малку повеќе бело чоколадо, па со него исполнете ги калапите. За полесно работење, пожелно е калапите да бидат одвоени.

(0)-vkusen-desert-i-ushte-povkusni-sholji-kafepauza.mk

2. Веднаш потоа истурете го назад чоколадото од калапите во смесата – потребно е да остане само по ѕидовите. Избришете ги рабовите за да добиете совршен облик. Оставете ги да отстојат за да се стврдне чоколадото или ставете ги во фрижидер.

(1)-vkusen-desert-i-ushte-povkusni-sholji-kafepauza.mk

3. Додека калапите се ладат, со чоколадо и шприц за шлаг, на хартија за печење направете ги дршките и тацните.

(2)-vkusen-desert-i-ushte-povkusni-sholji-kafepauza.mk

4. Оставете ги настрана да се стврднат и извадете ги калапите со малечките шолји. Внимателно извадете ги калапите, па украсете ги со шарени трошки така што прво секоја шолја ќе ја натопите во чоколадо (околу 1 см) и ќе ги ставите една по една во трошките, за да се залепат.

(3)-vkusen-desert-i-ushte-povkusni-sholji-kafepauza.mk

5. Дотогаш ќе бидат спремни и дршките и тацните, па сите делови составете ги со помош на стопеното чоколадо, прво тацната, па дршката и вашите слатки шолји се спремни.

(4)-vkusen-desert-i-ushte-povkusni-sholji-kafepauza.mk

6. Останува уште да ги наполните. Тоа може да го направите со сладолед, омилениот крем или парчиња овошје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар