Вкусен чиа пудинг за љубителите на здравата исхрана

Вкусен чиа пудинг за љубителите на здравата исхрана

Едноставен природно благ десерт без нездрави шеќери и несакани калории

Потребни состојки:
  • 360 милилитри бадемово млеко
  • 60 грама чиа семки
  • 25 грама какао во прав
  • 30-75 милилитри јаворов сируп
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • Прстофат сол
  • Шумско овошје
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во сад со средна големина и добро измешајте ги. Покријте ги и ставете во фрижидер на 3-5 часа (може и да ги оставите да отстојат преку ноќ). Потоа префрлете ги во садови за сервирање и декорирајте со овошје, јаткасти плодови или други здрави и природни додатоци.

Пудингот трае 2-3 дена во фрижидер, покриен.

Пробајте ја и оваа баклава со пудинг што ќе ви ја засити душичката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар