Витаминска вода за освежување и полесно справување со летните горештини

Витаминска вода за освежување и полесно справување со летните горештини

Справете се со последиците од непријатните високи температури со вкусна витаминска вода

Потребни состојки:
  • 200 грама боровинки
  • 2 излупени и исечкани портокали
  • 1 излупен и исечкан лимон
  • 1 исечкана краставица
  • 2-3 листови босилек
  • 3 литри вода
Начин на подготовка:

Измијте ги боровинките, излупете ги портокалите, лимонот и краставиците и ставете ги во три литри вода. Оставете ги да отстојат барем два часа во фрижидер и потоа слободно можете да уживате во освежителниот пијалак.

Цитрусите ќе ги елиминираат токсините од вашето тело, боровинките се одличен извор на антиоксиданси, босилекот ќе ви стабилизира нивото на шеќер во крвта, додека пак, краставицата ќе ви ги даде потребните освежителни минерали.

Погледнете ги и најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар