Витамин што го израмнува стомакот и го решава проблемот со надуеноста

Витамин што го израмнува стомакот и го решава проблемот со надуеноста

Надуеноста, поради која стомакот изгледа поголем отколку што навистина е, е честа појава. Најчестите причини за појавата на надуеноста се одредените прехранбени производи кои ја задржуваат водата во телото и го забавуваат варењето на храната и слабото движење. Но, дали знаете дека постои витамин кој го решава проблемот за само неколку секунди? Станува збор за витаминот Б, поконкретно витамините од оваа група (Б комплекс) кои нашето тело одлично ги поднесува, а се наоѓаат насекаде околу нас во својот природен облик.

Витаминот што го израмнува стомакот и го решава проблемот со надуеноста

Витамин Б6

Витаминот Б6 има улога на разредувач на водата во организмот. Истражувањата покажале дека скоро 90% од постарите лица патат од недостаток на овој витамин, што се должи на модерниот начин на живот и лошата исхрана. Освен што помага во изградбата на подобар одбранбен механизам на нашето тело (имунитет), овој витамин е повеќе од потребен за оние кои страдаат од срцеви заболувања и за бремени жени.

Најдобри извори на витаминот Б6: Живина, риба, цели житарици, спанаќ и мешунки.

Витамин Б1

Овој витамин е познат и под името тијамин и е потребен за разградувањето на јаглехидратите и самата храна која ја внесуваме во организмот, бидејќи ги претвора во „гориво“ односно во енергија. Освен што може да ја подобри работата на срцето и добро делува на нервите, тијаминот ќе го подобри и забрза варењето на храната и ќе ви помогне да се решите од гасовите кои ја предизвикуваат надуеноста, но и ќе го регулира чувството за глад.

Најдобри извори на витаминот Б1: Цели житарици, зелен зеленчук, пивски квасец, мешунки.

Витамин Б12

Недостатокот од овој витамин во телото се поврзува со процесите што водат до воспаленија во абдоминалниот регион. Тие можат да ја нарушат рамнотежата на добрите бактерии во тенкото црево, што може да предизвика проблеми во правилното функционирање на метаболизмот и варењето на храната.

Најдобри извори на витаминот Б12: Морска храна, млеко, сирење, јајца, живина, говедско месо, кисел зеленчук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар