Видови храна кои ја спречуваат појавата на брчките (вклучено е и чоколадо!)

Видови храна кои ја спречуваат појавата на брчките (вклучено е и чоколадо!)

Сигурно повеќе пати сте го слушнале изразот „вие сте она што го јадете“. Па, ова е многу точно, особено кога е во прашање вашата кожа, на којашто во голема мера влијаат хранливите материи кои ги добива вашето тело во форма на храна или пијалаци. Така, подобрувањето на вашата исхрана со вклучување здрави компоненти, ќе резултира со здрава и убава кожа. Покрај ова, со јадење соодветна храна, вие ќе можете да ги одложите знаците на стареење. Погледнете во продолжение која здрава, а и вкусна храна може да ви помогне во борбата со брчките и другите знаци на стареење.

Видови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)

1. Авокадо

Авокадото може ви помогне да добиете здрава и убава кожа. Ова овошје е богато со витамин Е, витамин Ц и Б-комплекс, а вашата кожа ќе ја направи мека, мазна и еластична.

Видови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)

2. Зелен чај

Покрај тоа што ќе ви помогне во губењето на телесната тежина, редовното пиење зелен чај исто така ќе ја одложи и појавата на брчки на лицето и на вратот. Тој содржи катехини, соединенија кои се богати со антиоксиданси и нудат голем број здравствени придобивки. За ефективни резултати, оставете ја кесичката чај подолго време да стои во жешка вода, а потоа испијте ја течноста.

Видови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)

3. Соја

Сојата е богата со протеини, аминокиселини и може да ви помогне во одржувањето на еластичноста на кожата и да ја спречи појавата на брчки.

Видови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)

4. Боровинки

Боровинките содржат високо ниво антоцијани кои помагаат при чистење на слободните радикали и неутрализирање на ензимите кои ги уништуваат сврзните ткива. Боровинките исто така изобилуваат со витамин Е, кој е исклучително добар за кожата.

Видови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)

5. Моркови

Сите знаете дека морковите се добри за очите, но малкумина знаат дека тие се исто така добри и за кожата. Морковите се еден од најдобрите извори на бета-каротен и ја штитат кожата од штетните УВ зраци на сонцето. Тие исто така содржат витамин Ц и други хранливи состојки кои резултираат со здрава и убава кожа.

Видови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)

6. Домати

Доматите се убави да ги јадете доколку сакате блескава кожа без брчки. Тие содржат неколку компоненти кои придонесуваат да имате сјај на вашето лице, а едно такво соединение е ликопенот кој помага во неутрализирање на штетните ефекти на УВ зраците. Доматите исто така содржат и витамин Ц и бета-каротен, кои помагаат за подмладување на кожата.

Видови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)

7. Чоколадо

Какаото ја хидрира кожата, а исто така ја прави и цврста и еластична. Препорачливо е да се јаде темно чоколадо, бидејќи содржи голема количина флавоноиди. Дали сте знаеле дека вашата омилена храна исто така може да биде многу корисна? Па, вистина е! Чоколадото помага во намалување на подуеноста на кожата и ѝ дава убав сјај.

Видови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)

8. Ореви, лешници и бадеми

Тие се одлични за вашата кожа бидејќи содржат есенцијални масни киселини и витамин Е кои ја хидрираат кожата и ја штитат од воспаленија.

Видови храна кои ги намалуваат и ја спречуваат појавата на брчки (вклучено е и чоколадо!)

За да видите уште видови храна кои се пријатели на вашата кожа, продолжете на наредната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар