Вежби со стол што треба да ги пробате ако сте почетници
Барате начин како да започнете со вежбање или сакате да го подобрите вашиот тренинг? Една од најпознатите фитнес инфлуенсерки и една од основачите на програмата „Sweat“, Кајла Ицинес, на својот профил на Инстаграм сподели совети за тренинг со стол, идеални за сите оние кои вежбаат дома.
Тренингот со стол е одлична вежба за која ви треба само удобна облека и еден стабилен стол. Со овој тренинг ќе го придвижите целото тело и ќе градите сила, без да одвоите многу време. Се состои од пет вежби кои се повторуваат 10-12 пати, а Кајла препорачува да направите три серии.
Тренинг со стол
1. Седечки клекни-стани – 12 повторувања
2. Модифицирани бурпи – 10 повторувања
3. Планк со нишање – 15 повторувања
4. Вежби за трицепс – 10 повторувања
5. Мал мост – 10 повторувања
View this post on Instagram
Прочитајте колку долго треба да ја држите положбата планк за видливи резултати.