Вежби за истегнување со детални насоки што ќе ви покажат на кои мускули делувате - Part 3

Вежби за истегнување со детални насоки што ќе ви покажат на кои мускули делувате

13. Наведнување со една нога

(13)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Тетиви и задни мускули

Изведба: Застанете исправени и поставете го едното стапало пред другото. Држете го грбот исправен. Ставете ги рацете на колковите и наведнете се нанапред. Повторете со другата нога напред.

14. Пеперутка

(14)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Адуктори

Изведба: Седнете, спојте ги стапалата и свиткајте ги колената. Држете го грбот исправен. Внимателно спуштајте ги колената со дланките и обидете се да го допрете подот. За подлабоко истегнување доближете ги стапалата што е можно повеќе до вашето тело.

15. Истегнување на глутеалните мускули

(15)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Глутеални мускули

Изведба: Седнете на подот со исправен грб. Бавно доближете ја ногата до градите свртувајќи го колкот кон надвор. Повторете со другата нога.

16. Седнат галеб

(16)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Преден тибијален мускул

Изведба: Седнете на подот и поставете ја десната рака зад грбот. Ставете го десното стапало малку над коленото и држете го таму со слободната рака. Повторете со левата нога.

17. Истегнување нанапред

(17)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Задни мускули, тетиви и листови

Изведба: Седнете на подот и држете ги нозете споени и исправени. Бавно наведнувајте се напред.

18. Исчекор

(18)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Изведба: Направете долг чекор напред со левото стапало и свиткајте го коленото под агол од 90 степени. Фатете го десното стапало од назад и повлечете кон вашето тело. Повторете и на другата страна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар