Ветете си ги овие работи доколку сакате да живеете живот исполнет со среќа!

Ветете си ги овие работи доколку сакате да живеете живот исполнет со среќа!

Секој сака да живее среќен живот, но ретко кога луѓето разбираат дека среќен живот е возможен само кога ќе бидете подготвени да го прифатите животот онаков каков што е и кога ќе си дадете ветување дека ќе го живеете максимално секој ден:

Ветете си ги овие работи доколку сакате да живеете живот исполнет со среќа!

Почнувајќи од денес, мојата намера е да живеам на таков начин што максимално ќе го ценам времето кое ми преостанало овде, на земјата.

Почнувајќи од денес, ќе се радувам на секој момент, на секое зрно надеж без разлика колку и да е мал зракот светлина што танцува на мојот пат. Ќе бидам среќен/а и благодарен/а за сите убави спомени и сите денови што ми преостануваат.

Почнувајќи од денес, ќе станам подобар/а, ќе се смеам подолго, ќе се трудам понапорно и ќе бидам похрабар/а отколку што некогаш другите би можеле да помислат за мене.

Почнувајќи од денес, со раширени раце и отворено срце ќе се соочам со сите предизвици на мојот пат. Почнувајќи од денес, ќе верувам повеќе во себе, во своите вредности и способности и нема да дозволам нечија критика или омаловажување да ја намали мојата самодоверба.

Почнувајќи од денес, ќе им посветам повеќе време на луѓето кои што вистински ме сакаат. Ќе престанам да ја барам љубовта онаму каде што ја нема или од некој кој не е подготвен да ми ја пружи. Почнувајќи од денес, ќе се сакам повеќе себеси и ќе си бидам најверниот сопатник, пријател, другар.

Почнувајќи од денес, со раширени раце ќе ја прегрнам мистеријата на животот, вдишувајќи го воздухот полн со надеж. Почнувајќи од денес, ќе им отстапам повеќе простор на позитивните мисли во мојот ум, а болката во моето срце ќе се престори во љубов…

Почнувајќи од денес, ќе ја повторувам мантрата: Ова е моето време, мојот живот. Мојот живот е само мој и затоа ќе го живеам на мој начин.

Откако прочитавте за ветувањето кон себеси, можеби ќе сакате да ги прочитате и 30-те позитивни мисли за посреќен живот.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар